Трговскиот центар „Сараево сити центар“ попладнево бил евакуиран поради дојава за поставена бомба, соопшти Оперативниот центар при Министерството за внатрешни работи во БиХ.
Босанските медиуми јазија дена дојавата за поставена бомба во трговскиот центар телефонски е упатена во 16.55 часот, по што припадниците на полициската управа на Кантонот Сараево почнале со истрага.
По дојавата за поставена бомба, објектот е евакуиран за да се изврши КДЗ преглед, што е дел од вообичаената процедура, се наведува во соопштението и се додава дека прегледите почнале од последниот кат на кој имало многу посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.