Топлотниот бран предизвика во Сараево да биде надминат апсолутниот температурен максимум за јули, откако вчера беа измерени 38,5 Целзиусови степени.

Претходниот апсолутен максимум беше забележан пред дваесетина дена, кога на 8 јули максималната температура изнесуваше 38,4 степени.

Како што наведе Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ, претходната рекордна температура за јули била измерена во 2000 година и изнесувала 38,2 Целзиусови степени.

Низ Босна и Херцеговина на сила е портокалов метеоаларм, кој предупредува на опасни временски услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.