Сараево е прогласено за новото Бергамо. Ситуацијата е надвор од контрола, а медицинските лица на крајот на силите. Преморени велат Сараево падна.

Како неодговорноста на функционерите во БиХ ги премина политичките граници и стана опасна по живот? Зошто државата доживеа дебакл со имунизација на граѓаните? Ќе завршат ли на суд одговорните кои не набавиле вакцини на време? Како пандемијата се користи за тајни политички договори и разбивање на државата? Како вакцините ја потврдија дискриминацијата и станаа оружје на модерната доба?

Сенад Пеќанин е адвокат и еден од потписниците на кривичната пријава против против највисоките функционери во Босна заради загрозување на здравјето на жителите, ненавремена набавка на вакцини и здравствен ризик.

Според гостинот на Пресинг на босанската телевизија Н1, шокантни се цинизмот, злобата и неодговорноста на политичките лидери во БИХ, кои сега се веќе и опасни за животите.

Тоа е исклучиво плод на криминален, неодговорен и злобен однос на највисоките функционери кон својата уставна и законска надлежност. Нагласувам дека БИХ е осма или деетта семја во светот по бројот на смртни случаи на 1000 жители. Нашиот просек е петпати повисок од светскиот. Ние сме доведени во ситуација да бидеме жртви на една крајно неодговорна политика која остава тешки траги кои можат да се споредат со периодот низ кој поминуваше овој град (Сараево, н.з.) од 1992 до 1995 година. Шокантно е дека функционерите не направија ништо и покажаа цинизам, злоба и неодговорност која сега станува елементарна непогода, потенцира гостинот на Пресинг.

Според босанското законодавство за кривичните дека од кривичната пријава е предвидена затворска казна и до 10 години.

Поднесовме кривична пријава против четворица одговорни функционери: Зоран Тегелтија, Анкица Гудељевиќ, Фадил Новалиќ и Вјекослав Мандиќ. Пријавени се дека го сториле кривичното дело „несовесно работење во службата“. Тоа се претседателот на Советот на министри и министерката за цивилни работи, премиерот и министерот за здравство.

Граѓаните бараат одговорност од овие четворица функционери затоа што постои основано сомнение дека од 18.9 2020 до 18.3 2021 година свесни за своите законски обврски не осигурале директен увоз на вакцини. Нивната злоупотреба на службената должност има последица неконтролирани ширење на заразата, смрт на голем број луѓе, ускратување на правото на здравствена заштита, се наведува во кривичната пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.