Од утрово пристигнуваат шокантни сцени од Сараево, кое е под вода поради обилните врнежи. Бројни реки во БиХ се излеаја, Миљацка се заканува да ги поплави улиците, Железница направи хаос во многу области, а од час во час пристигнуваат се повеќе информации.
Состојбата во Илиџа е хаотична. Неколку автомобили се целосно под вода, а модерниот комплекс Sarajevo Waves е поплавен.
Најлоша е состојбата во Отес, каде водата направила големи материјални штети и каде од утрово речиси целата населба нема струја.
Водата, предизвикана од излевањето на Железница, навлезе во многу станбени згради. Спасувачите во моментов го евакуираат населението од оваа населба. Со помош на противпожарни возила и чамци ги префрлаат луѓето на безбедни локации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.