Кога 49-годишен маж од истокот на Хрватска заврши на обвинителната клупа за сексуален однос со девојче од 14 години, која остана трудна и имаше абортус во фаза на бременоста кога абортусите не се дозволени, хрватската јавност очекуваше дека му следува неколкугодишна затворска казна. Не беа во право.

Судијата од надлежниот жупански суд деновиве му додели 22 месеци затвор, но според изречената условна казна тој во затвор ќе помине само шест месеци, додека останатиот дел ќе го помине на слобода, со условна казна од три години. Тој има забрана својата жртва да ја види во следните три години, а ќе плати и околу 16 илјади денари за судски трошоци.

Не постои експерт или лаик кој не е згрозен од ваква одлука.

Семеен човек

Во обвинението пишува дека мажот, инаку „семеен човек“, лани од февруари до септември со цел задоволување на својот сексуален нагон, се впуштил во сексуална врска со ученичка.

Обвинителството утврдило дека сексуалниот однос бил доброволен. Според Казнениот законик на Хрватска, секој однос со дете помладо од 15 години е казнено дело, зошто се смета дека дури после 15 години детето може разумно да одлучи дали сака да влезе во сексуална врска и какци последици носи таа.

При одредувањето на казната се вреднува и разликата во годините помеѓу предаторот и жртвата, во овој случај – 35 години.

Тој пред судот ја признал вината и рекол дека после потврдената бременост, заедно со нејзината мајка биле на доктор, а за сите трошоци се погрижил тој.

Кога ја запознав не знаев точно колку години има, ми рече дека иам 16, а вистината ја дознав кога затрудне, се правдал тој пред судот.

Како олеснителна околност судот зел предвид и тоа што досега не бил осудуван, признанието, каењето, како и „грижата што ја покажал кон девојчето“.

За условната казна делумно придонеле и неговите животни прилики, поточно дека е старател над својата сопруга која е лишена од деловна способност, живеат заедно со неговата постара мајка, а синот единец му е во затвор, што значи тој бил единствениот што ја прехранува фамилијата.

Потребни се промени

Ова не е издвоен случај во Хрватска кога станува збор за скандалозни пресуди поврзани со злоставување на помлади лица. Иако неколку здуженија, како и Народниот правобранител за деца се борат против промена на законите и зголемување на затворските казни, засега нема промени.

Извор: Јутарњи лист



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.