Бабата која е обвинета за убиство нејзината пријателка во текот на испитувањето упорно негирала дека го сторила злосторството.
Пред обвинителството во Пожаревац детално зборувала за односот со покојната Драгица и тврдела дека нема врска со нејзината смрт.
Не ја убив Драгица и немам врска со злосторството. Јас не сум вмешана и не знам кој го направил тоа, рекла таа.
Извор на истрагата вели дека таа се бранела со тоа дека таа и жртвата биле блиски пријателки и дека никогаш не би и наштетила. Таа понекогаш и помагала околу градината и и го полевала цвеќето затоа што покојната била слабо подвижна.
Злосторството се случило на 13 декември во Голубац, а телото било пронајдено три дена подоцна во креветот. Прво полицијата се сомневала дека бабата која имала странска пензија умрела од природна смрт, но обдукцијата покажала дека е загушена и дека има пукната коска во грлото.
Од куќата не се однесени работите, па грабеж и користољубие не се мотив. Двете биле добро ситуирани затоа што нивните деца работеле во странство. Најверојатно се скарале и се завршило кобно, наведува соговорникот.
Драгослава Спасојевиќ (72) од српското село Кудреш е уапсена поради сомнение дека ја задавила својата прва сосетка Драгица Михајловиќ (77). Според полицијата причина з аова е користољубие оти жртвата имала странска пензија и била добро ситуирана.
Како што преенсуваат српските медиуми полицијата испитува дали Спасојевиќ ја убила сосетката за да ја ограби полесно или можеби и должела пари кои не можела да ги врати.
Михајловиќ била пронајдена мртва во креветот во својата куќа, а иако сите докази укажувале на природна смрт, обвинителот наредил обдукција која открила траги на давање. Сосетката веднаш била осомничена затоа што била блиска со покојната и се грижела за неа откако неодамна го оперирала колкот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.