Во Косово вчера беше потврден само еден нов случај на заразен, седуммина новоизлекувани од Ковид-19 и ниеден починат. Вклучително вчерашните статистики, во земјата досега се регистрирани 1.048 заразени, од кои излекувани се 801 лице, а вкупно се забележани 30 смртни случаи. Вкупно во земјата активни заболени од Ковид-19 се 217 лица.
Во текот на вчерашниот ден, на кој се однесува последниот извештај на Институтот за јавно здравство на Косово, извршени се тестирања на 267 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а вкупно, од појавата на епидемијата, се тестирани 13.992 лица. Од денеска во Косово во сила се нови, олеснети, мерки, со кои, меѓу другото, се дозволува неограничено движење на граѓаните од 5 до 21 часот и се отвораат верските објекти, со задолжително почитување на мерките за заштита пропишани од здравствените власти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.