Хрватскиот професор Фрањо Драгичевиќ од Техничката школа во Чаковец, Хрватска турна двајца ученици, како што вели, испровоциран од нивниот безобразлук, по што се соочува со суспензија и можен отказ. Ова предизвика лавиван реакции во јавноста, а наставници од цела Хрватска сега масовно ги раскажуваат нивните приказни за нападите што ги доживеале од нивните ученици.
Солидирајќи се со нивниот колега, под хаштагот #ijasamfranjo на „Фејсбук“ наставниците ги споделуваат нивните искуства и опишуваат сцени со кои се соочиле за време на нивните часови.
Oва се само дел од тие сведоштва:
Ученик од 14 години се залета во мене и социјалниот педагог, која тогаш беше трудна
Ученик од осмо одделение секој час се качуваше на столот, ги соблекуваше пантолоните и викаше: „Сакаш да го извадам? Да видиш што е питон!“
Ученик ми ги држеше рацете на грбот додека останатите ученици го користеа мојот личен компјутер
Ученик ми стави нож на вратот со закана за убиство
Професорот Фрањо е поддржан и од веб-страницата за учители и наставници „Nastavnici.org. Во својата објава пишува дека професорот со години се обидувал да одржи настава и покрај сметањето, само поради љубовта кон работата. Имено, професорот Фрањо, кој е пред пензија, физички нападнал двајца ученици откако еден го удирал со креда, а другиот му плукал на клупата.
Го направив тоа и повторно би го направил. Срам ми е дека морав. Мене не ме штити системот, не ме штити управата од училиштето, директорот е во ред, но системот на наставници не ме штити, вели Фрањо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.