Убиството на Марко Вуковиќ во Белград му предходело на ликвидацијата на црногорските мафијаши во Атина. 41 годишниот Марко по потекло бил од Котор и бил поморец во прекуокеанските бродови.
Потеклото од Црна Гора му помогнало да се запознае со најголемите нарко кланови како што се „Шкаљарците“. Преку дружба со нив почнал и да соработува и да им пренесува дрога во и од Европа во прекуокеанските земји.
Но, по неколку години решил да се тргне од тој бизнис и се преселил во Белград. Се оженил, добил три деца и сакал да живее мирен живот. Но, старите соработници од него побара само уште една услуга и испорака на големо количество дрога. Тој љубезно ги одбил.
Но, како што се вели ќе дадеш 5 пари да влезеш на орото 10 за да излезеш. „Шкаљарците“ нарачале класична „сачекуша“ и го убиле пред децата додека ги чекал пред училиштето во својот автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.