Специјалниот советник на американскиот државен секретар, Дерек Шоле, во телефонски разговор со српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјавил дека се неприфатливи чекорите на владејачката коалиција во Република Српска (РС) кои се насочени кон поткопување на институциите на БиХ.
Шоле на Твитер објави дека „за корупција и за антидејтонско акции следат последици“.
Мора да има враќање на дијалогот во институциите на БиХ – порача Шоле.
За време на неговата неодамнешна посета на БиХ, Шоле оцени дека повлекувањето на РС од институциите на државно ниво ќе доведе до економски ќорсокак, ќе го ослабне и загрози владеењето на правото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.