Американската потсекретарка за политички прашања, Викторија Нуланд, порача дека само процес предводен од Кипраните, двете зони и двете заедници на островот, може да донесе мир и стабилност на Кипар.

САД отфрлаат какво било решение за Кипар во кое би биле вклучени две држави, како што предложи деновиве турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган – изјави Нуланд.

Таа истакна дека американската администрација категорично ја отфрла таквата опција.

Ние веруваме дека само процес предводен од Кипраните, двете зони и двете заедници, може да донесе мир и стабилност на Кипар – порача Нуланд.

За време на посетата на северниот, турски дел на Кипар, Ердоган изјави дека „не може да се постигне никаков напредок во преговорите, ако не се прифати дека има два народа и две држави“ на островот.

Кипар е поделен помеѓу Република Кипар, членка на Европската Унија, која има власт во јужниот дел на островот и самопрогласената Турска Република Северен Кипар, прогласена во 1983 година, што е призната само од Турција.

Преговорите за судбината на Кипар се во застој од 2017 година.

Во април, обидот за повторно започнување на разговорите во организација на Обединетите нации, кои ја следат тампон-зоната помеѓу двата дела на островот, заврши неуспешно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.