САД донираше 500.000 дози Фајзер на Косово преку КОВАКС механизмот, соопшти државниот секретар Антони Блинкен.

САД донираше вакцини на десетици држави, а пратката за Косово доаѓа неколку дена откако Приштина се понуди да прими бегалци од Авганистан поврзани со американската мисија.

Блинкен на Твитер напиша дека таа донација претставува заедничка вредност и непоколеблива врска меѓу двата народи.

-САД денеска ја донираше првата транша од 500.000 дози на Фајзер на Косово доближувајќи ја државата за 20 % до поставената вакцинална цел. Испратени преку КОВАКС, подарокот претставува заедничка вредност и непоколеблива врска меѓу двата народи. Заедно можеме да го победиме Ковид-19, напиша Блинкен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.