Американското министерство за надворешни работи ги предупреди државјаните на САД да не патуваат во Србија поради лошата епидемиолошка состојба со корона вирусот, но и да бидат особено внимателни поради криминалот доколку веќе се земјата.

Стејт департментот ги предупреди граѓаните да не патуваат во Србија и осум други дестинации поради вирусот, вклучувајќи ги Словенија, Албанија, Литванија, Авганистан, Гренада, Белизе, Сент Китс и Невис и Маурициус.

Се наведува дека тие држави се меѓу земјите од четврти степен во кои е регистрирана значителна распространетост на корона вирусот.

Според вчерашните податоци на Министерството за здравство на Србија, 27 лица починале од Ковид-19. Бројот на новозаразени продолжува да расте, а во последните 24 часа инфекција е потврдена кај 6.249 од 21.163 тестирани лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.