Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, и неговиот американски колега, државниот секретар, Ентони Блинкен, денеска телефонски разговараа за системите за противвоздушна одбрана С-400, што Турција ги купи пред две години од Русија.

„Државниот секретар Блинкен ја повика Турција да не ги остава руските ракетни системи земја-воздух С-400 во земјата, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Покрај тоа, двајцата министри за надворешни работи разговараа и за важноста на билатералните односи меѓу САД и Турција, заедничките интереси во борбата против тероризмот, важноста на демократските институции, инклузивната моќ и почитувањето на човековите права.

Блинкен изрази поддршка за разговорите меѓу Анкара и Атина за ситуацијата во источен Медитеран



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.