Хрватскиот Сабор (парламент) вечерва изгласа закон со кој земјата ќе има помала влада, која место претходните 20 во следниот мандат ќе има 16 министерства.
За новиот закон за организација и обем на органите на државната управа гласаа 85 пратеници, 30 беа против, а шестмина воздржани.
Владеачката коалиција наведува дека со новиот закон владата ќе стане пофункционална и пооперативна и ќе овозможи спроведување на програмата што мандатарот Андреј Пленковиќ ќе ја претстави в четврток.
Парламентарната опозиција, меѓутоа, смета дека оваа реорганизација е само од козметичка природа и дека не мора нужно да доведе до заштеда, како и дека ќе се спојат некомпатибилни оддели.
Според новиот закон владата ќе има 16 министерства, што е за четири помалку од порано, а останува истиот број на централни државни канцеларии, бидејќи таа за спорт се интегрира во Министерството за туризам, а формирано е и нова за демографија и млади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.