Делегација од руски експерти, кои пристигнале во Србија, процениле дека во земјата постојат технолошки услови за првата фаза на производство на вакцината „Спутник“.

По состанокот на српската и руската делегација во Палата Србија, српскиот министер за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ, појасни дека првата фаза на производство на вакцини ќе вклучува транспорт на супстанцијата неопходна за производство на вакцините, како и нивно полнење, пакување и дистрибуција.

Според руските експерти, таа фаза ќе трае меѓу два и три месеци, а „целосниот циклус на производство ќе трае меѓу девет и десет месеци“.

На тој начин, Србија ќе биде првата земја во Европа што ја произведува руската вакцина – изјави Поповиќ, додавајќи дека седум европски земји, вклучувајќи ги Германија, Австрија, Унгарија и други, веќе изразиле желба тие „итно“ да почнат со производство вакцини.

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Бочан-Карченко, изјави дека испитувањето на можноста за производство на вакцината во Србија отвора нова фаза на соработка меѓу двете земји.

Нашата цел е да имаме пријатели и соработка во целта што сега ги обединува сите, а тоа е борбата против пандемијата на коронарниот вирус. Пријателството со Русија може да се види и од фактот дека голем број српски граѓани сакаат да се вакцинираат со вакцината „Спутник“ – смета Карченко.

Директорката на белградскиот институт „Торлак“, Вера Стоиjковиќ, соопшти дека делегацијата на тој институт ја посетила фабриката за производство на вакцината „Спутник“ во регионот Владимир во Русија пред две недели.

Ние ја знаеме технологијата што ја видовме во фабриката. „Торлак“ ја има технологијата и има експерти кои се подготвени да одговорат на оваа задача за производство на вакцините – вели  Стоиjковиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.