Се урна авион на Генералната дирекција за шумарство на Турција, што се користеше за гаснењето на пожарите во Кахраманмараш, а спасувачки екипи се испратени на теренот во потрага и спасување, известува Агенција Анадолија (АА).
Загубен е контактот со авионот за гаснење пожар што Генералната дирекција за шумарство го изнајми од Русија и беше користен од страна на службата на Регионалната шумарска управа во Адана, во моментот кога авионот учествувал во гаснењето на шумскиот пожар во Кахраманмараш.
Осум лица кои биле во авионот Бериев БЕ-200 се загинати, јавија руски медиуми.
Пожарот избувнал во текот на денот како резултат на удар на гром во шумската област на територијата на местото Оникишубат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.