Русија соопшти дека го протерала секретарот на Албанската амбасада во Москва како одговор на протерувањето на рускиот дипломат од Албанија минатиот месец.
Албанскиот амбасадор во Русија бил повикан во Министерството за надворешни работи, каде што му била врачена нота за протерување на првиот секретар на амбасадата.
Руското министерство за надворешни работи објави дека албанскиот дипломат мора да ја напушти Русија во рок од 72 часа.
Претходно, на руски дипломат му беше наредено да ја напушти Албанија во јануари поради кршење на правилата за борба против пандемијата на корона вирусот.
Русија оцени дека станува збор за „измислен изговор“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.