Рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин, по повод случувањата во северниот регион на Косово, рече дека Русија цврсто ја осудува акцијата на специјалните сили во северот.

“Силно ја осудуваме акцијата на Специјалните сили на Косово во северниот регион на Косово, населен со Срби, кој е исклучително опасен и е во спротивност со сите постоечки договори. Ние сме револтирани од провокацијата на приштинските власти над рускиот државјанин, соработник на УНМИК, Михаил Красножев. Бараме итно ослободување на Русите и повикуваме на одговорност на сите оние кои се виновни за овој инцидент “, додаде Чепурин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.