Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, кој попладнево допатува во Тирана, по средбата со премиерот Еди Рама рече дека Албанија има многу постигнувања, како и  Македонија, во исполнувањето на условите поставени од Европската унија.

-Знам дека многумина од вас се разочарани од ЕУ, од она што се случи во минатото. Но, можеме да кажеме дека Албанија, исто како и Македонија, постигнаа многу. Очекуваме Европската комисија да донесе позитивна одлука, рече Рот на заедничката прес конфренција со Рама.

Сепак, додаде тој, „има уште многу да се направи: правна држава, функционален правосуден систем… “.

Министерот Рот го пофали справувањето со пандемијата со Ковид-19 во Албанија и истакна дека „мора да се поддржуваме едни со други“.

– Мерките за изолација не ни помагаат, сите треба да се поддржуваме едни со други. Заедничката стратегија е поддршката да биде реципрочна. Ветувам поголема ангажираност од сите држави. Ако Албанија е успешна, тогаш тоа е и наш успех, важно е да се отстранат предрасудите, додаде Рот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.