Од утринава три вода од специјалните единици Росу се во подготвеност во јужниот дел на Косовска Митровица.

Според информациите од терен, тие се лоцирани во базата Белведере, каде се распоредени близу 100 вооружени специјалци, подготвени да тргнат во акција.

Според оперативните информации, од три распоредени води, еден вод специјалци бил испорачан дури од Приштина, целосно вооружен.

Засега нема подетални информации, но истото стационирање на специјалните сили Росо беше организирано и при упадот на единиците Росо на северот на Косово и Метохија на 13 октомври годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.