Властите на Романија запленија повеќе од еден тон висококвалитетен кокаин кој бил скриен во превртен брод во делтата на Дунав. Според првите информации, дрогата се проценува дека има вредност од неверојатни 300 милиони евра.

Засега се соопштува дека во акцијата биле вмешани и државјани на Србија, и дека двајца се веќе уапсени.

Полицијата денеска ги донела вреќите на кокаин до агенцијата за организиран криминал во Букурешт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.