Повеќе од 18 милиони Романци денеска гласаат на парламентарни избори, а излезноста до 10 часот е 4,97 проценти, што значи дека до тоа време гласале 904.647 граѓани.
Отворени се 18.802 избирачки места низ целата земја, од кои повеќе од 1.200 во главниот град Букурешт и околу 700 во странство.
Централната изборна комисија соопшти дека до 10 часот гласале 513.063 избирачи во урбаните, а 391.584 во руралните области.
По телефон гласале 1.046 луѓе, а најголем одзив е забележан во областите Мехединт – 7,03 проценти и Телеорман 6,75 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.