Мајка со новороденче коешто имало видливи повреди на главата и телото се појавила во болницата во Кикинда, Србија.

Првите резултати од истрагата покажале дека 28-годишна жена го фрлила новороденчето во полски тоалет по породувањето, пренесуваат српските медиуми.

Новороденчето е хоспитализирано во Клиничкиот центар на Војводина и животот му е загрозен.

Поради лошата психофизичка состојба жената била задржана во болницата во Кикинда. Во тек е истрага по наредба на Основното јавно обвинителство во Кикинда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.