Заменик помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, на Преспанскиот форум за дијалог, ја истакна потребата за меѓусебното признавање на Косово и Србија. Според него, тоа е единствено трајно решение за дијалогот меѓу двете земји.

Рикер изрази резерви за негативната одлука на ЕУ за визна либерализација за Косово, што, како што рече, ја ослабува мотивацијата за пристап кон дијалогот Косово-Србија во духот на компромис и флексибилност.

Ние веруваме дека трајно решение е она што вклучува заемно признавање, што ќе им овозможи на двете земји вистински да ги остават настрана своите разлики, да ја стават историјата во контекст и да се движат кон посигурна иднина и стабилно – порача Рикер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.