Републичката изборна комисија (РИК) на Србија донесе одлука да ги прекине сите изборни активности за спроведување на парламентарните избори во земјата.
РИК во согласност со Уредбата за мерките за време на вонредната состојба, донесе Одлука за стопирање на сите изборни активности при спроведување на изборите за народни пратеници во Народното собрание, кои се распишани за 26 април, соопштија од РИК.
Со оваа одлука привремено се прекинува изборниот процес додека трае вонредната состојба предизвикана од ширењето на коронавирусот и тој ќе продолжи откако ќе се донесе решение за прекинување на вонредната состојба, изјави претседателот на Републичката изборна комисија Владимир Димитријевиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 4 март ги распиша парламентарните избори за 26 април, кога треба да се одржат и покраинските и локални избори.
Вонредната состојба поради ширење на коронавирусот во Србија беше воведена во неделата вечерта, на 15 март.
Повеќе политички субјекти, вклучително и оние кои го најавија бојкотот на изборите, претходно ги прекинаа активностите и побараа одложување на изборите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.