Словенија воведува остри мерки во борбата против коронавирусот, така што секој угостител, трговец или друго лице кое ќе ги прекрши правилата и ја прошири болеста може да добие 8 години затвор.

Ако поединецот намерно ја шири инфекцијата, тој или таа би можеле да се соочат со затвор до 15 години ако дојде до смртен случај. Членот 177 од словенечкиот кривичен законик конкретно се однесува на пренесување на заразни болести.

„Кој не ги почитува прописите со кои надлежниот орган одредува инспекција, дезинфекцијата на пациентите и сите други мерки за контрола или спречување на ширење на заразни болести, се казнува со парична казна или затвор до една година“, се вели во истиот. Ако дојде до смрт на едно или повеќе лица, затворските казни се поригорозни.

Адвокатот Марко Макуч вели дека во тој случај кривичното дело е против животот и телото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.