Косовскиот Истражувачки институт за европски прашања и развој (РИДЕА) објави две студии во врска со финалната фаза на дијалогот меѓу Приштина и Белград, според кои Косово губи огромни суми пари поради неизвршувањето на обврските од страна на Србија – јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што пренесе „Коха Диторе“, во анализата „Прашањето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Косово во контекст на евентуалното ‘големо финале‘ меѓу Косово и Србија“, се наведува дека српскиот долг за пензии кон Косово во периодот 1999-2006 година изнесува две милијарди и 849 илјади и 907 евра.

Резултатите на втората студија на РИДЕА, насловена „Билатералните односи Косово-Србија во секторот на енергетиката во контекст на евентуалниот договор меѓу двете земји“ покажуваат дека загубите на Косово во оваа област поради непочитување на договорите од страна на Србија изнесуваат 432 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.