Лидерот на демократската партија на Косово, Кадри Весели е позитивен на коронавирус, пренесе РТК.

Весели истакна дека добро се чувствува и дека до целосно опоравување ќе остане во самоизолација.

Драги граѓани. Предмалку ме известија дека сум позитивен на Сарс-Ков-2. Јас сум добро, и до потполно оздравување ќе останам во самоизолација. Ве повикувам да ги почитувате мерките, да ставате маски и да држите дистанца и хигиена, напиша Весели на „Фејсбук“.

Кадри Весели познат е по прекарот „господар на Косово“.

Еден е од албанските политичари со најмрачно минато, поранешен разузнавач, а многумина се прашуваат за кои се служби работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.