Србите во Босна и Херцеговина се крајно незадоволни од заедничкиот живот и тоа е пичина Република Српска да се одвои вели Тимоти Лес, поранешен дипломат и директор на Британскиот аналитичкиот центар „Нова Европа“.
„Тие се чувствуваат дека безбедноста им е загрозена од политиката на Сараево и длабоко се повредени од наметнатите одлуки, особено за време на администрацијата на Педи Ешдаун, која дополнително ги оддалечи од Босна“, изјави Лес во интервју за белградскиот неделник НИН.
Дополнителна причина е и промената на ставот меѓународната заедница.
„Во последните 20 години Запад имаше супериорност над Босна и ги држешетвори сите опции затворени, што значи дека дури и ако босанските Срби сакаа да се дистанцираат од Сараево, дтоа не им беше дозволенои.
Денес, Европската Унија се соочува со минимално влијание што го има во Босна поради фактот бидејќи не планира проширување“ вели Лес
Тој оценува дека и интересот на САД на Балканот оаѓа, создавајќи ситуација во која што босанските Срби имаат можност да ја протуркаат идејата за отцепување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.