Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, смета дека Босна и Херцеговина нема да постои на пролет следната година ако не се врати на дејтонската позиција.
Тој порачал и дека Република Српска тргнала на пат за излегување од БиХ, од кој нема враќање.
Ние ќе го направиме тоа и нема да не спречат ни САД ни било кој друг, бидејќи сметаме дека Дејтонскиот договор е урнат, пред се со интервенција на меѓународни фактори”, рекол Додик пред новинарите во Сараево.
Тој навел дека времето ќе покаже колку Република Српска е сериозна во таа намера, наведувајќи дека Српска има избор меѓу две опции, од кои едната е да си дозволи на себе тивко да исчезне и да биде урната преку “смртоносниот” пакет кој го направиле меѓународната заедница и босанската страна во Сараево.
Во првата фаза тоа беше реализирано преку висок претставник и наметнување на решенија, а сега тоа го прават преку Уставниот суд, сакајќи тоа да го заштитат со приказната за владеење на правото. Ако станува збор за владеење на правото нема тука да одлучуваат странци и амбасади”, истакнал Додик.
Тој додал дека е друга работа “Република Српска да го направи тоа што мора”, пренесува Sputnik.
Сакам сите во Република Српска да знаат – работата дојде до ѕид и ние сега мора да одлучиме дали ќе прифатиме американската амбасада и западните амбасади со тие лажни флоскули да не одржат во некоја приказна со некои начела, а во суштина ги поткопуваат нашите права”, рекол Додик.
Додик нагласил дека ни тој, ни било кој друг нема право да го занемари фактот дека за Република Српска и слободата на нејзините граѓани загинале 29.000 луѓе.
Тој повторил дека Српска не може да верува во БиХ.
БиХ е лошо место и место за неслобода на Србите и Српска. Ако нема договор странците да заминат од Уставниот суд и тој да биде ставен во функција, како во сите други држави, тогаш нема ни БиХ. Тоа нека го запаметат”, нагласил Додик.
Со оглед на последните случувања во БиХ и на пресудата на Уставниот суд за земјоделското земјиште, Додик нагласил дека би било најдобро народите во БиХ да се разделат и да се направи “нешто што би било простор за слободно движење на луѓето и робата”, со оглед на тоа дека не е можно да се создаде држава која функционира на принцип на два ентитета и три конститутивни народи.
Што и да направат, сега мора да знаат дека влегоа во стартната позиција за самостојност на Република Српска. Ние нема да дозволиме, ова е црвената линија која е премината. Уставот на БиХ јасно ги пропишува надлежностите на БиХ, а никаде не пишува дека Имотот влегува во нејзината надлежност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.