Во текот на вчерашниот ден, во одредени делови на Грција биле регистрирани рекордно високи температури, несвојствени за почеток на мај, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина.
Највисоката температура била регистрирана на островот Крит, 38 степени Целзиусови, во централна Грција 37 степени, а на Пелопонез 35,6 степени.
Во девет различни делови на земјата, температурата вчера била од 7,7 до 13,5 степени повисока споредбено со првите десет дена од мај во периодот 2010-2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.