Гласачките места во Црна Гора беа затворени во 20 часот, а право на глас на парламентарните избори имаа 540.026 граѓани.

Центарот за мониторинг и истражување објави дека 74,9 проценти од гласачите во Црна Гора излегле до 19 часот.

За разлика од претходното пребројување, вкупниот одѕив сега е поголем на северот на Црна Гора, каде излегле 75 проценти од граѓаните, додека на југ 71,2 проценти.

Најголема излезност има во Подгорица, 77,7 проценти.

Според ЦДТ, на парламентарните избори до 19 часот гласале 74,2 проценти од избирачите, односно 400.600 граѓани со право на глас.

Тоа е 3,3 проценти повеќе отколку на парламентарните избори во 2016 година, кога 70,9 проценти од гласачите гласаа до 19 часот. На парламентарните избори во 2012 година, одѕивот беше 66,2 проценти во истиот временски период – соопшти ЦДТ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.