Во изминатото деноноќие во Црна Гора се потврдени рекордни 496 нови случаи на корона вирус, а починале седум лица.
Помошник директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека случувањата на терен апсолутно не одат во прилог на епидемиолошката ситуација и дека се очекува бројот на заболени од корона вирусот да биде уште поголем.
Тој на конференција за новинари во Подгорица изјави дека во текот на последните 24 часа се испитани 1.299 тестирани примероци, а дека во текот на вечерта и утрото ќе бидат обработени уште 500 примероци од приватните лаборатории.
Поради влошувањето на состојбата, Бегиќ најавизаострување на мерките за сузбивање на епидемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.