Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 190 новозаболени од коронавирус и смрт на тројца пациенти, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Наведено е дека досега е тестиран рекорден број примероци – 5.549.
Бројот на моментално активни случаи во Хрватска е 2.430, од кои 327 пациенти се во болница.
На респиратор се приклучени 26 пациенти.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска, 13.107 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 211 починале, а 10.466 оздравеле.
До денес се тестирани вкупно 210.805 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.