Хрватскиот портал „Дневник“, објави реконструкција на несреќата која се случи вчера на автопатот Брегана – Липовац крај Славонски Брод.

Во несреата косовски автобус излета од патот и се превртеоткако шоферот задремал зад воланот.

Автобусот патувал од Франкфурт кон Приштина.

Од „Дневник.хр“ направиле реконструкцијата врз основа на полицискиот увид.

Во сообраќајната несреќа на косовскиот автобус кај Славонски Брод во Хрватска животот го загубиле десет лица, а 44 добиле лекарска помош во тамошната болница.

Според податоците добиени од хрватските надлежни органи, 15 од повредените се здобиле со потешки повреди и некои од нив се во критична состојба.

Заменикот на општинското државно обвинителство, Славко Прањиќ, спровел истрага на местото на несреќата кај Славонски Брод и информира дека возачот на автобусот бил уапсен.

Тој додаде дека возачот е уапсен под „сомнение дека управувал моторно возило на начин на кој се движел неправилно, тој не ја користел сообраќајната лента туку излетал“.

По оваа сообраќајка, медиумите го окарактеризираа автопатот како „проколнат пат“, а тоа го потврдуваат и сообраќајните експерти.

На ова место за десет години се случиле дури 2000 несреќи.

Првично од одрдени медиуми во Хрватска имаше информација дека автобусот бил со македонски регистарски таблички. „Јутарњи“, кој прв објави дека е македонски автобусот, потоа смени во „автобус со странски национални ознаки“. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.