Во Хрватска се регистрирани 2.480 новозаразени со коронавирус. За 24 часа починале дури 26 лица.
Објавата на хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита за новите податоци околу коронавирусот доцнела дури еден час.
Пред тоа, пријавено е дека во Загреб се регистрирани 677 случаи.
Вчера во Хрватска се регистрирани 1.427 нови случаи на коронавирус, а починале 34 лица, што е највисок број на починато до сега. Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на заразата во Хрватска, до денес вкупно се забележани 54.087 лица заразени со новиот коронавирус.
Починале вкупно 628 лица, а се излекувале 39.380 лица, од тоа 2048 во последните 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.