Подарок речник на албански јазик денеска доби претседателот на Србија, Александар Вучиќ од дописникот на албанската телевизија „Клан“, Идриз Сефери.

На Неговата екселенција претседателот Александар Вучиќ, мојот личен речник за подобро разбирање во иднина отколку во минатото“, пишува во посветата на речникот што му го подари за време на интервјуто што го водеше со Вучиќ за телевизијата „Клан“.

Претседателот на својот инстаграм-налог „budućnostsrbijeav“ објави фотографија со посветата и врачувањето на речникот.

Минатата недела претседателот Вучиќ на прес-конференција прочита документ на Централната изборна комисија на албански јазик и се пошегува со Сефери дали сè добро изговорил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.