Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, изрази задоволство од досегашната туристичка сезона во Грција. Теохарис истакна дека според неофицијалните податоци, досега, Грција ја посетиле над шест милиони туристи.

Теохарис истакна дека податоците покажуваат дека бројот на посетители се доближува до оној од 2019 година, односно кон нивото пред пандемијата.

И во јули надминавме два милиони посетители, а се чини дека и во август ќе биде над два милиони посетители, што како месечна бројка, последен пат го видовме во 2019 година – изјави Теохарис.

Тој изрази надеж дека со почитување на мерките сезоната може да трае подолго, односно до средината на септември, но и повеќе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.