Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени 3.568 нови случаи на заразени со корона вирусот, а 162 пациенти починале од последиците на Ковид-19.
Како што на својата веб-страница објави бугарската Влада, во изминатото деноноќие тестирани биле 9.093 лица или вкупно 950.354 од почетокот на пандемијата.
Во моментов, активни се 88.224 случаи, од кои 6.655 се во болница, а 430 на интензивна нега.
Досега во земјата 136.628 лица биле инфицирани со корона вирус, а починале 3.529 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.