Во Грција се извршени над пет и пол милиони вакцинации, при што, над три милиони граѓани, односно 34,5 отсто од населението ја примиле првата доза, а нешто повеќе од два милиони или 19.44 проценти се целосно вакцинирани.
Како што соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистоклеус, во однос на имунизацијата на островите, најголема покриеност има на Китнос, каде што 93 отсто од жителите ја примиле првата доза, а 79 проценти се целосно вакцинирани, а останува мал интересот кај жителите на Самос, Наксос, Кефалоња, Закинтос и Калимнос.
Темистоклеус објасни дека за месец јуни, Грција очекува 2.070.900 дози од „Фајзер“, 308.400 од „Модерна“ и меѓу 400.000 и 500.000 дози од „АстраЗенека“. За „Џонсон и Џонсон“, конкретна бројка за пратката ќе има во текот на следните денови.
Од досегашните пратки, искористени се 91,65 отсто од дозите од „Фајзер“, 89 проценти од „Модерна“, 70,3 отсто од дозите од „АстраЗенека“ и 79 проценти од „Џонсон и Џонсон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.