Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 1.945 нови случаи на заразени со корона вирусот, а починати се 31 пациент.

Бројот на активни случаи е 15.371, а меѓу нив, 1.827 пациенти се на болничко лекување. На респиратор се 196 пациенти.

Од почетокот на епидемијата досега забележани се 87.464 заразени со корона вирусот, а починаа 1.113.

Во самоизолација се 36.175 лица.

До денеска тестирани се вкупно 631.655 лица, а од нив 7.262 во последното деноноќие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.