Идејата за иницијативата позната како „Балкански мини-шенген“, идеја што Србија, Македонија и Албанија се обидуваат да ја имплементираат во реалноста, е стара и зад неа стои Фондацијата за отворено општество на милијардерот Џорџ Сорос, покажуваат документите до кои дошла приштинска „Газета експрес“.
Идејата за мини шенгенот била „лансирана“ преку писмо, од Викторија Нуланд, поранешен висок функционер на американскиот Стејт департмент и од Александар Сорос, син на славниот милијардер. Според документите до кои дошла „Газета експрес“ иницијативата промовирана од албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот во заминување на Република Македонија, Зоран Заев не е спонзорирана од САД или ЕУ, туку е иницирана од милијардерот.
САД наводно, ја поддржуваат оваа идеја само во принцип, но како што изјавиле
американските власти, само доколку иницијативата е инклузивна. Во документот на косовското Министерство за надворешни работи, до кој дојде „Газета експрес“, се наведува дека „иницијативата е покрената од Викторија Нуланд (поранешен висок функционер на американскиот Стејт департмент) која моментно е ангажирана во приватниот сектор и е спонзорирана од Фондацијата за отворено општество, поточно од Александар Сорос.
Понатаму, во документот се потенцира дека интензивните подготовки за
имплементација на овој проект започнале во септември 2019 година и ги истакнуваат состаноците на Нуланд и Сорос во Тирана, Белград и Скопје.
Документот, исто така, укажува на политичките закани со кои може да се соочи Косово ако проектот целосно се спроведе.
Во документот наводно се наведува дека „Мини-шенген“ ѝ дава можност на Србија да се докаже како конструктивен фактор во регионот без да исполни никаква обврска кон Косово.
Понатаму, се препорачува Косово да се спротивстави на оваа иницијатива
преку зголемување на соработката со Албанија и Црна Гора.
Ако Косово не реагира навремено, постои реална опасност заемното признавање, како краен производ на договорот Косово-Србија, да се замени со еднаква застапеност во слични платформи. Ова ќе ѝ овозможи на Србија да напредува во својата европска агенда без да го признае Косово – се наведува во документот.
Исто така косовското Министерство за надворешни работи предупредува дека „минишенген“ ќе му наштети на косовската економија, пишува, меѓу другото, „Газета Експрес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.