Специјалниот пратеник во спророт со Бугарија Владо Бучковски, во понеделник ги почнува консултациите во Софија со претставници на бугарското МНР, објави „Канал 5“
Целта е враќање на довербата кон Договорот за добрососедство. На маса ќе биде ставен акцискиот план, или таканаречениот патоказ за имплементација на Договорот, кој е еден од трите клучни барања на Софија. Во зависност од напредокот во усогласувањето на текстот со бугарската страна, не се исклучува можност специјалниот претставник да се сретне и со министерката за надворешни работи Захариева.
Бучковски за Канал 5 само потврди дека се интензивира комуникацијата со Бугарија, без да наведе повеќе детали
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.