Расте бројот на жртвите по силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија. Досега е потврдена смртта на најмалку 14 лица, од кои најмалку две се деца, јавија локалните медиуми. Од нив петмина се во Туман – градот кој беше најсилно погоден од земјотресот.

Досега од под урнатините се спасени најмалку 28 лица во Туман и Драч, но има и извештаи за значителен број на луѓе кои остануваат заробени во урнатините под остатоците од зградите во тие области.

Епицентар на потресот е лоциран меѓу Драч и Тирана, на длабочина од десетина километри. По силниот земјотрес, следуваа уште неколку потреси.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.