Расте бројот на жртви од разорниот земјотрес кој денеска го погоди хрватскиот град Петриња. Земјотресот беше со јачина од 6,2 степени.
Досега се регистирани најмалку шестмина загинати и десетици повредени. Според последните информации, меѓу загинатите се 12-годишно девојче во Петриња и 20-годишно момче, дедо од една и татко и син од друга куќа во Мајски Полјани кај Глина, а неофицијално тука има уште еден загинат. Куќата во која загинаа таткото и синот е целосно срамнета со земја. Едно лице се бори за живот.
Дваесетмина од повредените се пренесени в болница во Сисак, а двајца се во потешка состојба. Потрагата по евентуални други жртви е во тек, а уште траат и проценките на материјалната штета како и на бројот на повредени.
Голем број објекти и куќи се оштетени, а улиците се полни со рушевини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.