Како последица на временските непогоди во Истанбул загинаа четири лица, а 19 се повредени, јави агенцијата Анадолија.

Кабинетот на гувернерот во Истанбул, повикувајќи се на податоците на Кабинетот за вонредни ситуации (АФАД), соопшти дека загинале четири лица, а меѓу нив има и странски државјанин.

Наведено е дека се повредени 19 лица, меѓу кои три се со потешки повреди. Истакнато е дека надлежните служби посветено работат на терен.

Причинета е и материјална штета. Ветерот откорнал дрвја, а се превртеле и најмалку три камиони.

Најмалку шест авиони на „Туркиш ерлајнс“, што требаше да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон Анкара и Измир, информира Анадолија.

Силниот ветер ги принуди властите да ги откажат траектните линии меѓу крајбрежните летувалишта Бодрум и Кас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.