Веќе трет ден во Грција, бројот на новозаразени бележи нагорен тренд, а во текот на вчерашниот ден по пауза од месец и половина се регистрирани над 2.000 нови случаи на Ковид-19, додека пак потврдени се и уште 67 случаи од делта сојот. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24-часа регистрирани се 2.107 новозаразени, починаа десет лица, а 153 се приклучени на апарати.

Најголемиот број, повеќе од половина нови случаи, односно 1.115 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 241 на островот Крит.

Во однос на делта сојот, според седмичниот извештај, потврдени се нови 67 случаи, со што вкупниот број се зголеми на 121, од кои најголемиот број 58 се во градот Ираклио на Крит (31 е од контакти на познат случај), 39 се во Атика, пет во Солун, по четири на атинскиот аеродром и на Лезбос, три во градот Ретимно на Крит, два на островот Парос и по еден во областите Арголида, Ахаија, Евија, во Коринт, Лариса и на Халкидики.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.