Во Босна и Херцеговина се потврдени 244 нови случаи на заразени со Ковид-19. Во изминатите 24 часа, во болниците во Федерацијата на БиХ биле тестирани 1.044 примероци, од кои 158 биле позитивни, додека во Република Српска тестирале 600 примероци, а коронавирусот бил потврден во 86 случаи.

Поединечно, најмногу новозаразени има во Сараево – 84 нови случаи. Второ по големина жариште е Бања Лука со 22 новозаразени лица.

Пријавени се два нови смртни случаи.

Вкупниот број заразени лица во БиХ од појавата сега е поголем од 8.100 со 247 потврдени смртни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.