Бројот на жртви во несреќата во која воз преполови патнички автобус, се зголеми на 5 лица, а 10 се борат за живот.
Во клиничкиот центар во Ниш се примени 26 пациенти, од кои десетмина се во тешка состојба. До несреќата дошло кога возот удрил во патнички автобус, со кој се возеле деца на училиште во близина на Ниш.
Во несреќата загинало едно дете, а деца има и меѓу тешко повредените. Според српските медиуми железничкиот премин , каде минувал автобусот, бил незаштитен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.